Во МВР 41 лице позитивно на Ковид-19, а 180 вработени се во самоизолација
Во Министерството за внатрешни работи во моментов има 41 лице позитивно на Ковид – 19, а 180 вработени се во самоизолација, информира денеска Тони Ангеловски, портпарол на МВР за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.
Ангеловски рече дека бројката на заболени во МВР е променлива и оти постојано се спроведуваат препорачаните мерки.
– По сознанието дека имаме тројца вработени во првата зграда на МВР, едниот е советникот на министерот Наќе Чулев и двајца вработени во бифето во зградата кое ги опслужува вработените, веднаш е направена епидемиолошка анкета од Институтот за јавно здравје на вкупно 67 лица. Констатирано е дека пет лица треба да бидат во самоизлоација во наредните 14 дена, вели Ангеловски.
Сепак, додадва тој, тие се чувствуваат добро и нема потешка слика кај вработените. Меѓу нив е и државниот сектретар Магдалена Несторовска и едно лице од службата за односи со јавност.
Според портпаролот на МВР, има доволно заштитна опрема за полициските службеници на терен.
Ново на Сител
-
Учениците со посебни потреби добија асистенти
-
Преглед на вестите од светот
-
Нови владини одлуки
-
Тема на денот со Бојан Кордалов
-
За една недела 4 починати од Ковид – Вакцини се уште нема
-
Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра
-
Наим Рамука сменет од началничкото место поради пропуштањето на возилата на Гаши на „Блаце“
-
„Балансерот" за вработување пред Уставен суд