Во напад на руската авијација во Сирија убиен лидер на една терористичка група

Во текот на акција на руската авијација во сириската провинција Хомс, убиен е лидерот на терористичката група „Ахрар ел џам“, Абу Бакр ал Чичани, по потекло од Чеченија, потврди претставник на сириската војска.
- Како резултат на воздушните напади на руската авијација, во провинцијата Хомс е ликвидирана терористичката група „Ахрар ел џам“, предводена од Абу Бакр ел Чичани, соопшти извор од сириската војска, пренесе Спутњик.
Неодамна сириската агенција САНА соопшти дека сириската војска убила уште еден од лидерите на оваа организација. Станува збор за шеикот Омар Мустафа ел Ходр и неговиот помошник Халед Абу Анас.
Сириските режимски сили денеска почнаа офанзива во централната провинција Хомс, со поддршка на руските воздушни напади, во кои погинале најмалку 10 лица, јавија сириските државни медиуми и групи за мониторинг.
Сириската телевизија, повикувајќи се на еден воен извор, информира дека војската ја почнала операцијата на северот и северозападот од провинцијата Хомс „со цел повторно да ја воспостави безбедноста и стабилноста во селата и градовите од ова подрачје“.
Војската ја презела контролата врз селото Ал-Дар Ал-Кабира, северно од Хомс, наведе сириската телевизија, а пренесуваат француските медиуми.
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
