Во несреќен случај загина 28-годишниот снимател Кристијан Љушев

Македонската културна и медиумска јавност е завиена во црно по веста за трагичната смрт на младиот охридски снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев.
Тој го загуби својот живот во несреќен случај во објект во изградба. Имаше само 28 години.
Кристијан Љушев (1997–2026) важеше за еден од најперспективните претставници на новата генерација македонски визуелни уметници. Зад себе остави богато портфолио од комерцијални реклами, музички спотови, документарни филмови и меѓународни продукции.
Неговиот препознатлив стил, чувство за кадар и автентичен визуелен потпис го вградија неговото име меѓу најбараните млади автори.
Со својата камера ги бележеше традиционалните настани и секојдневието во Охрид и регионот, а беше вклучен и во значајни проекти посветени на Бигорскиот манастир. Неговата работа сведочеше за искрена посветеност, чувствителност кон просторот и луѓето, и за автор со јасна визија, чиј творечки пат прерано згасна.
Неговата камера стоеше зад видеозаписите на бројни естрадни уметници, меѓу кои Александар Јосифоски, Мартин Милески, Влатко Броз, групата „Марама“ и многу други.
Колегите, пријателите и соработниците се во неверување.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
