Во општина Центар Жупа учебната година почна за 555 основци и 80 средношколци

Во општина Центар Жупа, новата учебна година почна за 555 основци и 80 средношколци.
Од управите на училиштата потврдуваат дека по навремено превземените мерки и активности, во соработка со локалната власт, наставно воспитниот процес се очекува да се одвива без проблеми.
Во двете основни општински училишта, „Мустафа Кемал Ататурк“ во Центар Жупа и „Неџати Зекирија“ во село Коџаџик, во прво одделение запишани се 51 ученик, што е за 12 првачиња помалку споредено со минатата учебна година.
- Во нашето училиште, во кое настава следат 287 ученици, на македонски, турски и албански наставен јазик, во прво одделение запишани се десет првачиња помалку или вкупно 22. Од нив девет за настава на македонски наставен јазик во подрачните училишта во Броштица и Горенци. Во училиштето во Центар Жупа за настава на македонски наставен јазик не е запишан ни еден ученик, за настава на турски 10, додека за албански наствен јазик три првачиња, изјави Музафер Сулејманоски, директор на ООУ„Мустафа Кемал Ататурк“.
Според Абдул Реџеп, директор на ООУ„Неџати Зекирија“ во село Коџаџик, каде наставата се изведува на турски наставен јазик запишани се 29 првачиња или за две помалку од минатата учебна година. Во оваа деветолетка настава следат вкупно 268 ученици.
Во единственото средно училиште во општината, гимназијата „АТА“,каде на македонски и турски наставен јазик настава следат 80 ученици, во прва година запишани се 20 ученици или три ученици помалку. Сите се за паралелката на турски,додека за настава на македонски наставен јазик не е запишан ни еден ученик.
Ново на Сител
-

Еуролинк осигурување со стратешка докапитализација од 5,85 милиони евра - капиталот надминува 20,5 милиони евра
-

СП 2026: Норвешка со два гола на Халанд го урна Бразил и обезбеди четвртфинале
-

СП 2026: Англија избори четвртфинале со триумфот над Мексико
-

Најмалку девет жртви во руски напад врз Киев
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, Обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација
-

Бројот загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3.342
-

Продолжува комисиската расправа по предлог ребаланост на Буџетот
-

Трамп повторно ја нападна Мелони на социјалните мрежи
