Во општина Дебар до 13 часот одѕивот 20 проценти

Во сите 27 избирачки места, 15 од ИЕ 5 и 12 од ИЕ 6, вo општинa Дебар изборниот процес се одвива без проблеми.
- Од вкупниот број 17.461 гласачи кои се во Единствениот избирачки список, до 13 часот правото на глас го оствартиле 20 проценти. Гласањето минува без никакви проблеми. Очекуваме процентот на излезност да биде повисок во попладневните часови, рече секретарот на Општинската изборна комисија, Али Реџа.
Без проблеми се одвива и гласањето во општина Центар Жупа.
- Во оваа општина се гласа на 16 избирачки места. Од 6.352 граѓани со право на глас до 13 часот своето граѓанско право го оствариле околу 16 проценти, истакна претседателот на Општинската изборна комисија за општина Центар Жупа, Ерхан Зубер.
Избирачките места во текот на денов беа посетни од странски набљудувачи, а процесот го следат и набљудувачи на невладината „Мост“.
Ново на Сител
-

Македонска делегација на комеморација за Холокаустот на македонските Евреи
-

Партиите за предлогот Савески да е државен обвинител
-

Тема на денот со Кирил Миноски, поранешен министер за финансии
-

Судијата Ненад Савески е предлог на Владата за нов државен јавен обвинител
-

Телеком со нова понуда за корисниците – Неограничен интернет и роаминг во повеќе земји
-

Судијата Ненад Савески е предлог на Владата за нов државен јавен обвинител
-

Цените на нафтата паднаа, Владата нема да прогласи кризна состојба
-

Мицкоски ќе побара од маркетите да не ги зголемуваат цените на производите
