Во општина Гевгелија регистрирани 28 лица заболени од грип
Според бројот на евидентирани 28 лица заболени од грип до истекот на петтата недела од 2019 година, општина Гевгелија е рангирана во групата на средни општини, соопштија денеска од подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гегелија.
Од таму посочија дека најголем број заболени лица или вкупно 21 биле регистрирани во изминатиот месец,а седуммина биле регистрирани во последниот месец од 2018 година.
– Возрасната граница на 20 заболени пациенти од инфлуенца се движи од 15 до 64 години,едно од заболените е бебе до четири месеци,четири пациенти се деца на возраст од 5 до 14 години,а само тројца од евидентираните болни од грип се лица постари од 64 години,се вели во извештајот што денеска го презентираше подрачната единица на Центарот за јавно здравје при Општата болница во Гевгелија.
Ново на Сител
-
25-годишен скопјанец со „мерцедес“ удрил во канделабра
-
Малолетници од Гостивар во бессознание завршиле на болница - пиеле алкохол во дискотека
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар
-
Пронајден пиштол „Црвена Застава" при претрес на домот на 46-годишник