Во општина Ѓорче Петров фрлени 75 тони сол
Проблемите и недостатоците кои се појавиле во досегашното расчистување на снегот и следни мерки и активности во случај на нови обилни снежни врнежи и голомразици беа теми за кои денеска разговараа градоначалникот на Ѓорче Петров Сокол Митровски и членовите од Кризниот штаб.

Општината Ѓорче Петров досега фрлила 75 тони сол низ улиците, чие одржување е во нејзина надлежност. По локалните патишта интервенираат соларки за чистење снег, грејдер, камион-кипер, булдозер. Формирани се и екипи кои ќе дежураат 24 часа во случај на потреба од интервенции, особено за надвозникот и железничките премини Ново село и Волково.
- Покрај фирмите „Анизор“, „Битем“ и ДГИ Билд–Инг од Скопје кои имаат склучено договор за зимско одржување на локалните патишта и улици во општината, во справувањето со снежните наноси се ангажирани и сезонски работници, а на терен, без престан е излезен и кризниот штаб од општината, соопшти општина Ѓорче Петров.
Оттаму информираат дека се расчистени и приодите околу градинките и училиштата и автобуските постојки. Екипите на зимската служба на општината, како што се наведува, се подготвени со доволно сол и за нови поголеми врнежи од снег. Тие ќе ја следат состојбата и понатаму и доколку се појави потреба ќе реагираат согласно со условите на теренот.
Во месните и урбани заедници дополнително се одржале состаноци за активностите на граѓаните во претстојната зимска сезона.
Општина Ѓорче Петров апелира до граѓаните да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради, што е нивна законска обврска.
- Во наредниот период поголем акцент ќе се стави на расчистување на снегот и мразот по сервисните улици, а посебно оние кои водат до јавните објекти, училиштата и градинките, соопшти општина Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
