Во општина Ѓорче Петров ќе се поставуваат подземни контејнери
Советот на општина Ѓорче Петров на денешната седница донесе одлука за меѓуопштинска соработка со Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ за поставување подземни контејнери.
- Подземните контејнери општината Ѓорче Петров ги прави заедно со Град Скопје и со ЈП „Комунална хигиена“, при што секој плаќа по една третина од вредноста на овие контејнери, истакнал градоначалникот Сокол Митровски на денешната седница на Советот.
Со поставување на овие подземни контејнери, како што соопшти општина Ѓорче Петров, се нуди подобро решение за одложување на комуналниот отпад, кој се одложува под земја при што е исклучена можноста да се расфрла од кучиња или мачки скитници и нема ширење миризба.
Општината Ѓорче Петров за оваа намена ќе обезбеди 2,2 милиони денари од својот буџет.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена