Во општина Карпош одбележан празникoт Св. Атанасиј Велики
Во организација на Здружението за негување на верски и народни обичаи „Св. Атанасиј Велики“ – Влае и под покровителство на општина Карпош денеска беше одбележан христијанскиот празник Св. Атанасиј Велики.
Жителите на Влае се собраа на спортското игралиште на улицата „Франце Прешерн“, присуствуваа на свечената литургија, по што следуваше црковното осветување на водата и храната. На чествувањето присуствуваше и градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски, кој на жителите им го честита верскиот празник и им посака добро здравје, среќа и успех.
Здружението за негување на верски и народни обичаи „Св. Атанасиј Велики“ – Влае и додели плакета на општина Карпош за особен придонес и помош во реализација на прославата за празникот.
По свечената литургија се сервираше славска софра со пригодна трпеза и топли пијалаци, а се служеше и познатата „Влаевска чорба“. Годинашните кумови на верската манифестација им го предадоа кумството на градоначалникот Стевчо Јакимовски и на Јерко Жикоски и Драган Чуриевски.
Св. Атанасиј Велики го празнуваат и жителите на населбата Злокуќани, каде присуствуваше и претседателот на Советот на општина Карпош Сашо Лазаровски. Овој верски празник вечер ќе го одбележат и жителите на населбата Жданец.
Ново на Сител
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер
-
Хорнер останува во Ред Бул до 2030 година
-
Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен
-
Мемфис Депај осуден на 4 месеци затвор
-
Александар-Арнолд може да го пропушти дербито против Евертон
-
Натписот на УСАИД симнат од влезот на седиштето на агенцијата во Вашингтон
-
Трамп: Можна е средба со Зеленски следната недела, сакам да разговарам и со Путин
-
Построги казни, електронско санкционирање и ефективни контроли за градење сообраќајна култура и елиминирање на неказнивоста