Во Парагвај запленети рекордни четири тони кокаин наменет за Европа
Властите во Парагвај пријавија најголема заплена на дрога во земјата до сега, конфискувајќи над четири тони кокаин, јави ДПА.
Парагвајските безбедносни сили ја откриле дрогата скриена во вреќи со шеќер во контејнер во пристаништето на главниот град Асунсион, на пат за Антверпен во Белгија, соопшти агенцијата за борба против дрога Сенад.
Запленетиот кокаин се проценува на околу 220 милиони евра (240 милиони долари), се вели во соопштението.
Европа, заедно со САД, е најголемиот пазар за кокаин кој потекнува од јужноамериканските земји Колумбија, Перу и Боливија.
Патот до Европа преку Парагвај, Аргентина или Бразил се зголемува по значење, според неодамнешната проценка на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал.
На европските пристаништа минатата година беа запленети над 300 тони кокаин, со рекордни 121 тон конфискувани само во Антверпен, што укажува на зголемување од 10 отсто во однос на претходната година.
Ново на Сител
-
Трет ден „Депонијада“ во Кочани
-
Европската комисија го објави Извештајот за напредокот во интеграциите, владата на Мицкоски ветува реформи
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-
ВО ЖИВО: Извештај на ЕУ за Македонија
-
Мицкоски: Не сме ние наивни како Ковачевски и Османи
-
СДСМ бара комисиска седница за новиот директор на АНБ
-
Во тек се консултации за нови членови на Комисијата за помилување
-
Уставен не поведе иницијатива за Законите за Бехтел и Енка