Во Париз од утре задолжително носење маска надвор

Во Париз од утре повторно ќе биде задолжително носење маска на улица во обид да се сузбие ширењето на сојот омикрон на коронавирусот што доведе до огромен скок на заразени во Франција, соопшти полицијата.
Пристапот до терминалите на аеродромите останува забранет за лицата кои ги придружуваат патниците.
Полицијата соопшти дека од утре ќе се воведат редовни контроли, особено на местата каде што има голем број луѓе во главниот град. Оние кои ќе го прекршат законот може да бидат казнети со 135 евра. Полицијата најави и дека продажбата на пијалаци ќе биде забранета во сабота и недела од два часот по полноќ.
Дискотеките и клубовите, кои се затворени од 10 декември, ќе останат затворени уште три недели во јануари. Забрането е и собирање на луѓе во Париз кои консумираат алкохол на јавно место.
Околу 9.000 полицајци и војници ќе бидат распоредени за да се обезбеди почитување на мерките за време на новогодишната ноќ.
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
