-->
-->
Во Пехчево презентирани резултатите од проектот за шумските пожари
-->
Ерозија на земјиштето, нарушување на микроклимата, промена на релјефи, нарушен воден режим, дисбаланс на водите, се само дел од штетите кои настануваат на подрачјето зафатено со шумски пожари, беше речено на денешната презентација на резултатите од проектот „Општокорисна функција на шумите и опасноста од шумските пожари и процесите на ерозија во Малешевијата“ во Пехчево.
Презентацијата се одржа пред притватните сопственици на шуми и надлежните инситуции од областа на шумарството, а мониторингот на опитните парцели го спроведе Националното здрушение на сопственици на приватни шуми на Македонија во рамки на проектот.
Според проф. д-р Алексндар Трифуновски од Факултетот за шумарство, штетите од пожарите не се мерат во пари.
- Секогаш проценката на штетите од пожарите се прави врз основа на дрвната маса. Но, ако се земе цена на чиење на еден шумски екосистем, дрвото учествува со само 10 отсто, рече Трендафилов, посочувајќи дека водената ерозија е единствена појава од животната средина каде што Македонија е во црвената зона и меѓу најзагрозените земји во Европа.
Најкритични години за шумите во Македонија беа 2007-2008 година.
- Пожарите влегуваат во делот на природни кататсрофи, но за жал, најголем причинител за нив е факторот човек и тоа во 95 проценти од случаите. Причините се најразлични, податоците зборуваат дека шумите се палат поради неисполенти обврски на сопствениците спрема населението, за сокривање бесправни дејства во шумата. Во Грција и во Далмација причина е и проширувањето на урбаните зони, посебно ако станува збор за заштитени подрачја, додаде професорот.
Проектот се спроведуваше изминатите 10 месеци, а целта беше да се подигне свеста на населението за опасностите од пожарите.
- Немањето доволно свест за опасноста од пожарите е главната причина зошто го работевме овој проект во кој беа вклучени повеќе целни групи: децата од училиштата, но и возрасните сопственици на приватни шуми, истакна Војо Соколовски, претстедател на Националното здружение на приватни сопственици на шуми.
Проектот го реализираше Националното здружение на сопственици на приватни шуми во соработка со претставници од ЈП Македонски шуми, Шумарскиот инспекторат, Шумската полиција и експерти од оваа област. Потребните 500.000 денари се обебзедени од Програмата за зачувување на природата, преку Швајцарската агенција за развој и соработка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Угинаа две лами во скопската Зоолошка - Кај првата е утврдено дека имала туберколоза
-
Тема на денот со Гордан Јорданов, од Обединета македонска дијаспора
-
Уапсен директорот на Геријатрија – земал поткуп од 20 000 евра
-
Обвинителството нема да го гони судијата за поправањето оценки
-
Мицкоски: Правдата за Теодора не е задоволена, Судски да ја преиспита работата на тетовскиот судија
-
Четворица од повредените во Кочани во подобрена состојба денеска се испишани од софиската болница “Пирогов”
-
Филипче повика на уставни измени, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека е апсурдно да зборува за ЕУ
-
Меџити: Таравари да одлучи или со нас во Влада, или е со ДУИ