-->
-->
Во Пехчево презентирани резултатите од проектот „Жалфија – Лек за век“
-->
![]()
Во Пехчево денеска се одржа инфо средба за презентација на резултатите од проектот „Жалфија – Лек за век“. Проектот го реализира Движењето за околината „Молика Дом“ од Битола во соработка со еколошкото здружение „Кладенец“ од Пехчево. Целта според Петар Андонов од здружението „Молика Дом“ е поттикнување на одгледувањето на жалфија во Малешевскиот регион.
-Целта на овој проект е да мотивираме дел од младата популација во двата региона Пелагонсикиот регион и Малешевскиот регион да почнат со одгледување на жалфијата која сметаме дека е една од оние видови ароматични лековити и медицински растенија која може да донесе дополнителен пригход во семејствата. Активностите се спроведуваа со млади од три села во Пелагонискиот регион и три села во Пехчевскиот регион на кои им беше доставено семенски материјал од жалфија, беа засадени одредени површини како расад и во делот на овој период кој следи ќе треба тој расад да се засее на поголеми површини, инфомира Андонов.
Заедничкото гледиште на здруженијата „Молика Дом“ и „Кладенец“ е проектот да продолжи понатаму со вклучување на бизнис секторот
-Бизнис секторот на некој начин би бил наш партнер преку вршење откуп на оваа суровина како прозивод со што идејата би била одржлива. Одржливоста ја планираме на тој начин што ќе создадеме еден вид задруга. која ќе има можност да одреди поголема количина на жалфија и одредена заштитна цена, додаде Андонов.
Проектот финансиски е поддржан од мрежата за рурален развој на Република Македонија во рамки на проектот „Градење на капацитетите на МРР и нејзините членки финансиран од We Effect – Шведска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ристески: Се стабилизира пазарот на јајца, цените намалени
-

Си: Борбата со корупцијата е битка која Кина не смее да дозволи да се изгуби
-

Утре се празнува Стара Нова година и Василица
-

Уапсено лицето кое скрши стакло на бугарската амбасада во Скопје
-

Алиу: Бизнисите нема да се затворат, бидејќи со законот за заштита од пушењето не се забранува пушење цигари
-

Здравствените работници ќе може бесплатно да се вакцинираат против хепатитис Б
-

На сопственикот на опожарениот бар во Кран Монтана му е одреден тримесечен притвор
-

Анима Мунди: Kучиња со ушни маркици од Албанија донесени во Скопје
