-->
-->
Во Перу запленети 2,3 тони кокаин
-->

Перуанската полиција запленила 2,3 тони кокаин во складиште во најголемиот залив во Перу, Ел Калао, во близина на главниот град Лима. Како што соопштија локалните власти, вредноста на запленетата дрога изнесува најмалку 20 милиони долари.
Дестинацијата на таа пратка била Турција, а товарот бил лажно пријавен како керамички плочки. Кокаинот бил прицврстен за гумени листови за да личи на керамички плочки и бил ставен во дрвени кутии во бродски контејнер. Претставник на локалната полиција соопшти дека тоа е првиот евидентиран случај дестинацијата на дрогата од Перуанскиот залив да е Турција.
– Обично внимаваме на пратките што одат со брод до Белгија, Холандија, Шпанија и Франција, додаде тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
