Во подрум држел чудовиште цели 26 години: Никој не го виде, а јас си го шетав!
Еден жител на Чикаго цели 26 години во својот подрум држел двометарски алигатор. Приказната излегла на виделино откако еден работник кој вршел некои работи околу куќата забележал дека нешто се мрда околу контејнерот. Кога се приближил и видел за што се работи, преплашениот човек извадил мобилен телефон, го снимил чудовиштето и фотографиите ги испратил на друштво за заштита на животни.
Секако, реакцијата била експресна и алигаторот набрзо го преселиле во природна средина. Сопственикот на алигаторот Чарлс Прајс е крајно огорчен од расплетот на настаните. Вели дека на животното ништо не му недостасувало иако цели 26 години живеел во кафез.
-Повремено го изведував во дворот. Не гледам каде има проблем, никој не знаеше за него, никој не го виде... низ соли раскажува Прајс за НБЦ Чикаго.
Интересно е што ова не е прв ваков случај во Америка. Едно семејство од Лос Анџелес дури 38 години чувало алигатор во една голема дрвена кутија и го хранела со пилешки крилца. Денеска, животното живее во Зоолошката градина во Лос Анџелес.
Ново на Сител
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска