Во Поткожувјето 90 сантиметри снег
Патните правци во Поткожувјето со механизација се расчистуваат, каде има силни врнежи од снег. Снежната покривка во Мрежичко изнесува 90 сантиметри, а во Поткожувјето и Бошавијата што опфаќаат повеќе села 60 сантиметри.
Од Општина Кавадарци информираат дека еден булдожер го чисти патот Бојанчиште – Куманичево, а друг Конопиште – регионален водовод Лукар, со цел лесно движење и непрекинато водоснабдување од страна на Јавното претпријатие “Комуналец”. Две возила од “Македонија пат” работат на патот Кавадарци – Мушов Гроб, соопштуваат од градоначалничкиот кабинет.
Два големи трактори со нож и соларка работат на патот Мушов Гроб – Мајден и на патот Мајден – Рожден.
Со две возила на зимската служба на општина Кавадарци работат на пробивање на правците кон одморалиштето Михајлово и селата Страгово, Крњево, Бохула, Бојанчиште, Граниково и Чемерско.
Активна е и една фреза за фрлање снег, на местата на кои има наноси од снег, додаваат од кабинетот на градоначалникот Јанчев.
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со повремен дожд, а на планините снег
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица