-->
-->
Во пожар во Русија загинаа 16 лица
-->
– Шеснаесет лица загинаа во денешната експлозија и пожар во фабрика за барут во регионот Рјазан во Русија, јавија локални медиуми.
Според Министерството за вонредни ситуации, причина за пожарот е веројатно „нарушување на технолошкиот процес и мерките за безбедност“.
Пожарот избувна во работилницата за производство на барут во фабриката Еластик плант. Според извори, како што пренесува БГНЕС, работилницата во која се случил инцидентот е во сопственост на компанија која произведува индустриски експлозиви и депонира муниција.
Министерството за вонредни состојби соопшти дека првпат добило сигнал за пожар во фабриката во 08:22 часот по локално време. На местото на настанот биле испратени повеќе од 170 спасувачи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради