Во Прилеп 53 нови случаи со Ковид-19, најголем број почетокот на пандемијата
Со 53 нови случаи со коронавирус, Прилеп бележи ден со нависока бројка од почетокот на пандемијата.
Од Центарот за јавно здравје информираат дека покрај 53-те нови случаи на коронавирус, 15 лица оздравеле од заразната болест. Бројот на активни случаи сега е 389, од кои 336 се наоѓаат на домашно, а 53 на болничко лекување.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 680 лица. Инаку, вкупниот број заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата е 1225, што е една третина од вкупно тестираните досега, преку 3440 лица.
Прилепската болница за сместување на заразените го отвори Одделението за уво, нос и грло, каде има можност да се сместат 17 заразени со полесна клиничка слика и една соба со капацитет од пет пациенти е за оние кои чекаат резултати, а имаат симптоми.
Поради преполните капацитети на Инфективното одделение, доколку дојде до уште поголема експанзија на заразените, на располагање наредниот период ќе биде Интерното оделение со 30 кревети.
Инфективното одделение деновиве го решава проблемот со централниот довод за кислород за пациентите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ