Во Прилеп отворена изложбата „Не-дефиниран урбанизам“

„Не–дефиниран урбанизам“ е изложбата што синоќа беше отворена во ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп од уметниците Катерина Деспот и Васка Сандева.
Според Лазе Трипков, вонреден професор и визуелен уметник и критичар, серијалот на Деспот и Сандева наречен не-дефиниран урбанизам е со посебна цел.
- Серијалот има цел да се спротивстави и да понуди можно сликарско-архитектонско видување како критички одговор на пренагласеното „преземање“ на зелените површини на Скопје. Уметниците Деспот и Сандева ја истражуваат и ја потврдуваат современата тенденција и културолошката врска минато - сегашност како парадигма на еден комплексен систем на урбани вредности и неговите недостатоци. Преку нивната авторска изложба посветена токму на солидарноста, визуелните ликовни и функционални истражувања на урбанистичкиот дискурс и претпоставениот „континуитет“, овозможуваат еден поинаков експресивен уметнички поглед, вели Трипков.
Катерина Деспот и Васка Сандева се професорки на катедрата за архитектура и дизајн на Ликовната академија во Штип при универзитетот „Гоце Делчев“.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
