Во Прилеп вчера наврнале 52 литри дожд на метар квадратен
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Прилеп, каде УХМР заклучно со 8 часот изутрина, измери 52 литри наврнат воден талог на метар квадратен. Следуваат Ѓуриште со 37 литри, Крушево, 31, Попова Шапка, 18, Крива Паланка, 14, Берово, 12, Куманово, Тетово и Пожаране, 10, Дебар и Маврови Анови, 8, Скопје-Петровец и Виница, 6,...
Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
УХМР информира дека времето изутринава е претежно облачно и тивко со повремени локални врнежи од дожд. Утринава врнежи има во Прилеп и Крива Паланка, а во изминатите часови врнело и во Битола и Скопје – Петровец.
Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и со појава на грмежи. Кон крајот на денот облачноста и врнежите постепено ќе се намалуваат. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд и услови за појава на грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе достигне 24 степени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец