Во Прилеп весело и мирно пречекана Новата 2016 година
Весело и разиграно прилепчани ја поминаа новогодишната ноќ со честитки за среќна и бериќетна Нова 2016 година. Весело беше во угостителските објекти и во домовите, а голем број прилепчани Новата година ја пречекаа заедно на плоштадот „Методија Андонов Ченто“.
Од Итната медицинска помош истакнаа дека ноќта поминала мирно, без инциденти. Според доктор Марјан Жежоски од Општата болница „Борка Талески“ имало само две три интервенции на луѓе кои претерале со пиење.
Првото новороденче во Прилеп годинава е женско. Се родиво 4.40 часот. Бебето тешко 2.450 грама е во добра здравствена состојба и е второ дете на среќната мајка Сабрија Синаноска од Прилеп.
Прилепскиот градоначални Марјан Ристески ги посети бебето и мајката на гинеколошкото одделение во Општата болница и им посака среќа, здравје и радост во Новата година. На бебето прилепската локална самоуправа му подари 15.000 денари и пакет за неговите основни потреби.
- Среќна и бериќетна да е Новата Година. Многу здравје и радост на среќното семејство Синаноски. Прилеп ќе вложува во подобрите услови за живот на граѓаните и посебно да има повеќе инвестиции во градската болница „Борка Талески, рече Ристески.
Инаку, прилепчани на плоштадот во новогодишната ноќ останаа до раните утрински часови и покрај студеното време.
Честитајќи им ја Новата година, градоначалникот Ристески им посака на прилепчани убава, бериќетна и просперитетна 2016 година.
- Здравје, среќа и личен успех, а како прилепчани да си посакаме уште многу проекти, многу инвестиции и нови работни места во 2016 година, рече Ристески на заедничката прослава на плоштадот „Методија Андонов Ченто“.
За веселата атмосфера, меѓу другите се погрижија групата „Љубојна“, а по полноќ хип-хоп забава приредија Пикисипи од САФ и диџеј Димитри од Чаир.
Ново на Сител
-
Глобалниот здравствен фонд вели дека „тројниот удар“ на климатските промени, конфликтите и здравствената криза ги погодуваат најсиромашните во светот
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
Сообраќајот тековно, без подолги задржувања на граничните премини
-
Клековски: Лекови мора да има и ќе има за сите– имаме решение за проблемите во здравството
-
Истрага за две разбојништва извршени од 25-годишник во Скопје
-
ОН бараат Израел да го прекине „незаконското“ присуство на Западниот Брег и Источен Ерусалим во рок од 12 месеци
-
Најмалку тројца загинати, стотици ранети во нови експлозии во Либан
-
Исчезнато 45-годишно лице со здравствени проблеми од скопска Кисела Вода