-->
-->
Во Приштина марш за обединување на Прешевската Долина со Косово
-->
Косовското здружение „Чамериа“ организира денеска во Приштина „Марш за обединување на Прешево, Медвеѓе и Бујановац со Република Косово“, односно за поддршка на намерата на косовскиот претседател Хашим Тачи ова прашање да го постави на маса на преговорите со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Маршот е закажан за во 11 часот а ќе се одвива од Националната библиотека до плоштадот „Скендербег“.
Според организаторите, настанот не е поврзан со ниедна политичка структура, туку е „за доброто на граѓаните на Косово“.
Обединувањето на Прешевската Долина, област во јужна Србија со мнозинско албанско население, со Косово е идеја која што упорно ја промовира косовкиот претседател Тачи, а на која остро се спротивставуваат речиси сите релевантни косовски фактори, како и поголемиот дел од меѓународната заедница.
Според противниците на намерата на Тачи, меѓу кои најгласен е косовскиот премиер Рамуш Харадинај, зад декларативната заложба за припојување на Прешевската Долина со Косово се крие намерата за размена на територии со Србија, со што би се отворила Пандорината кутија, не само во Косово, туку и во целиот регион.
Идејата за размена на територии, односно „корекција на границата“, како што тоа го нарекува Тачи, има поборници и во Белград, пред се од претседателот Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, кои се залагаат за „разграничување со Косово“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари
-
Уапсен Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата
-
Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари
-
Околу двесте лица вакцинирани од утрото во поликлиника „Бит Пазар“
-
Трамп за Волстрит Журнал: На Путин му реков дека ќе го гаѓам центарот на Москва доколку ја нападне Украина
-
Неизвесен за натпреварот со Порто - Борозан нападнат од кучиња скитници
-
Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка
-
Намалување на цените на горивата