Во Прохор Пчински во Србија заедничка литургија за Св.Илија на владици на СПЦ и МПЦ-ОА
Во манастирот Св.Прохор Пчински покрај одбележувањето на празникот Илинден од страна на црковно-државна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски, утринава за верскиот празник Св.Илија заедничка литургија сослужуваа владици на СПЦ и МПЦ-ОА, јави дописиникот на МИА од Белград.
Со заедничката литургија во црквата во манастирот Св.Прохор Пчински чиноначалствуваше Врањскиот епископ г.Пахомије, а на литургијата сослужуваа Кумановско-осоговскиот
Во манастирот Прохор Пчински празникот Илинден денеска ќе го одбележет и Македонците од Србија, бидејќи 2 Август е државен празник за македското малцинство во Србија.
Државнo-црковна делегација денеска е во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година ќе ја предводи претседателот Стево Пендаровски.
Во состав на државно-црковната делегација на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ се министерката за одбрана, Славјанка Петровска, пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, Кумановско-
Од српска страна, на чествувањето ќе присуствуваат министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ и Епископот врањски г. Пахомије, како претставник на Српската Православна Црква.
Во параклисот на манастирот Прохор Пчински поставена е спомен плочата за одржувањето на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, пред која ќе се одржи и чествувањето на Илинден.
Ново на Сител
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Анализа: Како да се справиме со негативното влијание на интернет просторот?
-
Д-р Беќаровски: Труење со поголема количина на парацетамол предизвикува неповратно оштетување на црниот дроб
-
Убиецот на Емилија го призна делото, обвинителството бара доживотна казна затвор
-
Експертите бараат брза реакција од надлежните за побезбедни патишта
-
Нов шеф доби Вишото јавно обвинителство во Скопје, Хајрулахи е се уште суспендиран
-
Откриени високи маржи кај маркетите и увозниците, извештајот на Пазарна утре на владина седница