-->
-->
Во РЕК Битола немало експлозија, туку краток спој во Блок 2
-->

Во РЕК Битола денеска во 15 и 20 часот дошло до краток спој во една од ќелиите за висок напон на Блокот 2, соопштуваат од РЕК Битола, отфрлајќи ги информациите дека настанала експлозија.
- Денеска, околу 15:20 часот дојде до „куса врска” (т.н. краток спој) во една од ќелиите за висок напон на Блок 2 на РЕК Битола. Како последица на оштетувањето на осигурачите на командниот напон, Блок 2 на РЕК Битола испадна од мрежата на електроенегетскиот систем, наведуваат во соопштението.
Од компанијата додаваат дека санацијата на оштетените делови е во тек и Блок 2 на РЕК Битола ќе биде повторно ставен во функција уште во текот на вечерва.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
