Во ритамот на македонските традиционални уметности и занаети
Над 20 ракотворци од Македонија денеска во рамки на настанот „Во Ритамот на Македонските традиционални уметности и занаети“ ќе ги престават своите дела.
Настанот го организира Добредојде Македонија welcome центарот, кој ќе се одржи во црквата Свети Спас од 11 до 19 часот, а ќе го отвори Кејпи А. Полк, сопруга на американскиот амбасадор во Република Македонија.
Целта е да ги промовира уникатните карактеристики на македонското нематеријално културно наследство пред македонската јавноста и меѓународната заедница во државата. Преку јавни презентации и демонстрации мајсторите ќе ги покажат своите вештини и познавања за негување на традиционалните уметности и занаети како филигран, дрворез, ткаење, ќерамика и изработка на накит.
Програмата на настанот содржи неколку работилници каде посетителите ќе имаат можност да научат од експертите и да експериментираат со традиционалните техники.
Настан е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Ново на Сител
-
ССМ на протест за 1 Мај
-
Традиционален пикник за 1 Мај
-
Продолжува предизборната кампања
-
Македонија го чека Палевски
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија