Во Ростуше одржана манфестацијата „Питијада 2018“

Во рамки на „Мавровско-реканското културно лето“ што го организира Општина Маврово и Ростуше, во Ростуше се одржа манифестацијата „Питијада 2018“.
На оваа единаесетта питијада, во конкуренција за избор беа 30 пити, а вредните раце на реканките имаа подготвено уште толку за дегустација.
Оваа активност чија цел е промовирање на традиционалните мавровско-рекански јадења, посебно питите, како дел од напорите за развој на туризмот во овој, еден од најубавите краеви во државава, за отворена ја прогласи градоначалникот Медат Куртовски.
- Продолжуваме со оваа традиционална манифестација, која од година во година привлекува се поголем број посетители. И ова денеска е дело на вредните раце на жените од нашот регион, што го научиле од нивните мајки и баби. Ваквите манифестации ќе ги продолжиме и во иднина, со цел да се промовираат вредностите од нашиот крај, порача Куртовски, посакувајќи им пријатни мигови на сите присутни.
Стручната комисија првата награда одлучи да ја додели за „Питата со свекло“ под реден број 15, подготвена од Ќамка Ајдини од село Велебрдо, која од страна на локалната власт како награда доби соковник.
Дел од големиот број туристи од земјава и странство, го посетија и водопадот ДУФ, а не изостана и македонското оро со познатите дебарски зурли и тапани.
Настанот го проследија и амбасадорките на Јапонија и на Швајцарија во нашата земја, претставници на институции и граѓанскиот сектор, како и граѓани од соседните општини. Присутни беа и голем број печалбари од реканскиот регион кои главно работаат во Италија, Германија и Швајцарија, а сега се на одмор во родниот крај.
Ново на Сител
-

Две лица загинаа во пад на мал авион на Велебит во Хрватска
-

МВР: Синоќа изречени 262 санкци за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода
-

АМСМ: На Табановце за влез и излез во земјава и на Богородица за излез се чека од 40 минути до еден час
-

Активни девет пожари, два се под контрола, а 16 се изгаснати
-

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон
-

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција
-

Шеснаесет маратонци денеска ќе пливаат на 39. Охридски пливачки маратон
-

Одбележување на 25-годишнината од формирањето на ЕБР
