Во Русија разбиена мрежа на печатници кои фалсификувале пасоши и други документи

Во Русија е разбиена криминална група која контролирала мрежа на печатници за производство на фалсификувани пасоши и други документи, а во текот на полициската акција се уапсени 14 лица, соопшти портпаролката на руското Министерство за внатрешни работи, Ирина Волк.
Волк во објава на Телеграм наведе дека во полициската акција се запленети повеќе од 50.000 фалсификувани документи, како и дека се проценува дека од оваа нелегална активност печатниците оствариле приход од над 2,6 милијарди рубљи, односно 27,9 милиони евра, пренесува агенцијата Риа Новости.
- Повеќе од 2,6 милијарди рубљи, тоа е вкупниот приход од нелегалните активности на илегалните печатници кои моите колеги од Одделот за економска безбедност и борба против корупцијата при Главната управа на МВР на Русија за Москва ги ликвидираа, изјави Волк.
Како што е соопштено, осомничените изработувале и продавале фалсификувани пасоши, дипломи, лекарски уверенија и други документи со акредитиви на владини агенции, користејќи официјални меморандуми. Клиентите ги пронаоѓале преку огласи на социјалните мрежи и веб-сајтови, работејќи на вкупно 200 онлајн ресурси.
Повеќе од 50.000 фалсификувани документи се запленети во Москва и околниот регион, како и во Пензенската, Свердловската, Рјазањската, Јарославската, Тулската, Калушката и Курската област, Татарстан и Крим. Поради сомнение за учество во печатењето на фалсификуваните документи, уапсени се 14 лица, додека 45 се пуштени со кауција.
МИА
Ново на Сител
-

Законот за високо образование пред владина процедура - дел од фелата оценува дека суштински измени нема
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ пред студентите: Потребен е јасен сигнал од Брисел за проширувањето
-

Продолжи судењето Онкологија 1 со сведочење на вештакот од Србија
-

Тешки сведоштва за насилството врз Ивана и Катја
-

Полицајците на обвинителна клупа за „Пулс“, но судењето не почна
-

Крмзов во инвалидска количка на првото рочиште за затајување данок
-

Мицкоски очекува Савески да реотвора предмети, за Филипче обвинителот бил под контрола на власта
