Во рускиот источен регион Иркутск млада жена почина од куга

Жена почина од белодробна куга во регионот Иркутск, во Сибир, (источна Русија), објави синоќа регионален функционер, додека руските медиуми објавија дека десетици луѓе се во карантин.
Според локалните медиуми, од оваа заразна болест почината е 28-годишната лабораториска техничарка Дарија Шипилова.
Рускиот медиум „Народите на Бајкал“ (Peoples of Baikal) објави дека Шипилова работела во Институтот за превенција од чума во Иркутск и дека можеби добила белодробна куга преку скршена епрувета.
Во карантин се ставени околу 200 лица со кои можеби таа била во контакт, додавата локалните медиуми, без да дадат дополнителни детали.
Руското Министерство за здравство се уште се нема огласено за случајот.
Алексеј Циденов, гувернерот на руската област Бурјатије, претходно на социјалните мрежи објави дека жената од соседниот регион Иркутск „умрела од чума“.
Кугата е болест предизвикана од бактеријата Yersinia pestis. Белодробниот облик на болеста е е многу заразан и може да биде смртоносен доколку не се лекува навремено, наведе Светската здравствена организација (СЗО).
МИА
Ново на Сител
-

Ново рочиште за „Дражавна лотарија“
-

Регионален форум на локално лидерство за млади, мир и безбедност
-

Ромите се уште се соочуваат со предизвици
-

Се помалку се подготвува зимница
-

Сушата ја пролонгира есенската сеидба
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
