Во САД закажани три смртни казни во еден ден
Во три сојузни американски држави Алабама, Тексас и Флорида во ист ден се закажани извршувања на три смртни казни, а егзекуција е спроведена само на Флорида.
Ако беа извршени сите три егзекуции, тоа ќе беше првпат после повеќе од осум години да се повтори таков случај во САД.
Ерик Бренч (47), осуден на смртна казна поради убиство и силување на студентка во 1993 година, на Флорида прими смртоносна инекција, а пред да почине извикувал „убијци“.
Осуденикот од Тексас Томас Витакер синоќа е помилуван врз основа на препорака од Државниот одбор кој има овластување за тоа, а во Алабама егзекуцијата на Дојл Ли Хем е одложена откако медицинскиот персонал утврдил дека има тешкотии со вбризгувањето на смртоносната течност во вена.
Последен пат во ист ден три егзекуции се извршени во јануари 2010 година во Лујзијана, Охајо и Тексас.
Во 1999 година во ист ден се егзекутирани четворица осуденици во Оклахома, Индијана, Тексас и Вирџинија.
Во 2017 година во САД се егзекутирани вкупно 23 осуденици
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Планинска спасителна служба на Водно и во Кањон Матка - безбедноста на граѓаните е наша обврска
-

Носкова: Ова никогаш нема да го заборавам
-

СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата
-

СП 2026: Норвешка сега ја има на фудбалската карта
-

Русија тврди дека украинската армија погодила танкер во Црно Море
-

ДЗС: Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро | ФОТО
-

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
-

Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин
