Во САД зголемен бројот на загинати во сообраќајни незгоди
– Повеќе од 20.000 луѓе загинале во сообраќајни несреќи во САД во првата половина на 2021 година, што е околу 18 отсто повеќе споредбено со истиот период лани. Ова го јави Националната администрација за безбедност на патниот сообраќај.
Според статистиката објавена од државниот орган, во првите шест месеци годинава во сообраќајни незгоди загинале 20.160 лица, или за 18,4 отсто повеќе од 17.020 загинати во првото полугодие лани.
Пит Бутиџич, министер за транспорт на САД, ги коментираше овие тажни бројки и ваквата ситуација ја нарече „криза“.
На брифингот за новинарите синоќа во Белата куќа, тој исто така го коментираше и новиот закон за обнова на инфраструктурата на САД и истакна дека дел од парите што неговото министерство че ги добие по неодамна изгласаниот закон од Конгресот во висина од 1.2 трилиони долари, ќе бидат наменети и за да се одговори на расната дискриминација во дизајнот на американската патна мрежа.
Ново на Сител
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
