Во Штип напредни обуки за вработување на лица со хендикеп

Стопанска комора на Македонија (СКМ) и Полио Плус - движење против хендикеп денеска од Штип почнуваат со напредните обуки на претставниците на компаниите, со цел да се запознаат со бенефициите кои им се на располагање за вработување на лица со хендикеп.
Ирена Мојсовска од Стопанска комора на Македонија вели дека согласно статистиката која претходно ја направиле, постои недоволен интерес од страна на компаниите за вработување на лица со хендикеп.
- Затоа и со овие обуки одиме да се зголеми тој интерес и едноставно да има едно поголемо корпоративна општествена одговорност од самите компании со цел да оспособат и прилагодат работни места за да можат лицата со хендикеп да работат, вели Мојсовска.
Таа истакна дека проектот опфаќа и обуки за лицата со хендикеп на кои ќе им се овозможат напредни курсеви за англиски јазик, компјутерски и комуникациски вештини, а веќе девет лица работат во компании во Скопје.
Јулијана Климовска Андонов од Полио Плус - движење против хендикеп, вели дека проектот има за цел најпрвин да да ја разбуди желбата и самосвеста на лицата со хендикеп за да излезат од дома и да бараат работа, да се информираат кои се нивните права при вработување.
- Но, од друга страна да им укажиме и на компаниите дека лицата со хендикеп не значи дека не можат да ја извршат одредена работна задача. Значи токму поради тоа го воспоставивме овој мост меѓу лицата со хендикеп и компаниите, што го нарековме центар за подготовка за вработување и мислам дека веќе имаме некои резултати тука и еве веќе практиканската работа започна, одредени компании пројавија интерес, вели Климовска-Андонов.
Напредните обуки за компаниите за вработување на лица со хендикеп ќе се одржат и во Велес,Прилеп и Скопје, проектот е финансиран од страна на Европската комисија преку ИПА 4 Програмата за развој на човечки ресурси и Министерството за финансии, а координатор е Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
-

Во ЕУ има 15,7 судии на 100 000 жители, а во Македонија 20,1
-

Лишени од слобода крадци во Стар Дојран, украденото ќе биде вратено на сопственикот, следува пријава
-

Фејсбук недостапен за илјадници корисници ширум светот
-

Меси: Што и да се случи во финалето, Аргентина веќе напиша историја
