Во Штип нови три случаи на мали сипаници

Еден хоспитализиран, а два случаи амбулантски се третирани од морбили од вчера до денеска утринава, информираат од Инфективното одделение во штипската Клиничка болница.
Според податоците на Центар за јавно здарвје-Штип од јануари до денеска пријавени се вкупно 27 случаи на мали сипаници. Според писменото соопштение од епидемилогот Светлана Живкова во Центар за јавно здравје-Штип во моментов на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип се хоспитализирани пет лица со морбили.
– Првите три случаи на морбили се пријавени во месеците јануари, февруари и март по еден случај регистриран во наведените месеци.Почнувајќи од месец мај бројот на заболени се зголемува за уште 6 нови случаи на морбили, што е резултат на интрафамилиарно ширење на инфекцијата (епидемиолошка поврзаност). Бројот на заболени во месец мај се зголемува за уште 18 нови случаи, вели Живкова.
Во однос на возраста под една година се заболени вкупно три деца, по едно дете се на возраст од две и шест години, додека најголем број заболени се во возрасната група над 30 години или вкупно 22 лица.
Според вакциналниот статус, четири лица од регистрираните случаи се невакцинирани, додека 13 лица се непотполно вакцинирани или со една доза на вакцина. Три лица имаат непознат вакцинален статус и седум лица се со по две дози на вакцина и истите се со лесна клиничка слика. Препораката од страна на епидемиолозите е вакцинација. Досега штипскиот Центар за јавно здравје има вакцинирано 200 здравствени работници.
– Нејефикасна мерка на превенција од мали сипаници е вакцинацијата.Од општи мерки кои можат да се преземат се: избегнување на контакт со болни лица, често проветрување на просториите, често миење на раце, носење на заштитна маска, избегнување на јавни собири.ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип спроведе имунизација со МРП вакцина на повеќе од 60 лица кои имале контакт со болен од морбили, вели Живкова.
Таа додава дека вакцинацијата против мали сипаници е препорачана за сите лица на возраст од 14-60 години кои не се вакцинирани, кои не се потполно вакцинираат односно имаат примено само една доза на вакцина или кои ја немаат прележано болеста морбили.Имунизацијата на овие лица се врши во ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип.
– Секое лице кое ќе презентира симптоми и знаци на мали сипаници како што се: покачена телесна температура, кашлица, конјуктивитис (зацрвенети очи) и појава на исип по телото да ги ограничи своите контакти со други лица и во услови на потреба од лекарска помош да се обрати до инфективното одделение при ЈЗУ Клиничка болница Штип, потенцира Живкова во писменото соопштение лиферувано до медиумите.
Ново на Сител
-

Тошковски: Во тест периодот на „Безбеден град“ девет жртви помалку од истиот период лани
-

Управниот одбор на АД ЕСМ именува времени координатори во РЕК Битола и РЕК Осломеј
-

Николоски: Апелирам до ЕУ, македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во Шенген зоната за да не трпиме економски штети
-

Собранието донесе неколку закони во рамките на 81. пленарна седница
-

Престанок на забраната за тешки товарни возила на патните правци Маврово-Дебар и Гостивар-Стража-Кичево
-

Велешанец лажно пријавил малтретирање од полицајци
-

54-годишник од кочанско покрај нива пронашол неексплодирана граната
-

Руте: Тензиите околу Гренланд не би требало да го одвратат вниманието на Европа и САД од Украина
