Во Штип трибина по повод 25 години од создавањето на Уставот на Р.Македонија

На штипскиот Правен факултет денеска се одржа трибина по повод „25 години од создавањето на Уставот на Репубилика Македонија“. Универзитетскиот професор, Владо Поповски, кој учествуваше во создавањето на Уставот пред 25 години, оцени дека беше цврст кога се донесе, но е моделиран во делот со решението со Охридскиот рамковен договор, а претходно се направија измени и под притисок на Грција.
- Уставот е во примена 25 години и ни еден устав на Македонија било да се вика Народна Република Македонија, било да се вика Социјалистичка Република Македонија не траел толку долго. Уставот на Република Македонија не е пречка за било кој правец од општествениот живот, истакна Поповски.
Тој посочи дека во земјава лесно се декларира, но тешко се почитува и декларира.
Универзитетскиот професор по уставно право Светомир Шкариќ на денешната трибина забележа дека уставотворецот во 1991 година заборавил да го гарантира правото на граѓанинот на употреба на својот јазик пред суд и пред државните органи, што е стандард во секоја држава. Според Шкариќ, политичките лидери можат да бараат измени на Уставот, но телата, односно Собранието е тоа кое што треба да процени дали се потребни измени.
- Кај нас тие желби можат полсено да се оставруваат, бидејќи во Македонија никој не го следи остварувањето на Уставот во практиката. Ние сме ретка земја во Европа која не води грижа за својот Устав, нагласи Шкариќ.
Уставот е дело на народот и во него треба да учествуваат голем број на стручњаци од сите области, смета научната фела.
Во рамките на денешната трибина на Правниот факултет на Штипскиот универзитет беше промовирана и книгата „Создавање на независна Македонија: Внатрешни состојби и надворешна политика“ од професорите Дејан Маролов и Оливер Митев. Промотор на книгата беше професорот Страшко Стојановски од штипскиот Правен факултет.
Ново на Сител
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
-

Божиќна честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко - скопски епарх
-

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја
-

Поради неисполнување на хигиенски услови, затворени девет новогодишни куќарки во струшката чаршија
-

Тројца тетовчани се обиделе да измамат полицајци со лажна сообраќајка
-

МФ: Трезорот продолжува со редовна исплата на налози, исплатени субвенции, плати, К-15 и капитални расходи
-

Владата ќе донира 100 нови комби возила за Македонска пошта
