Во штипскиот дел на Серта активни две жаришта
Не стивнуваат пожарите на планината Серта во штипскиот регион. Денеска активни се жариштата над штипското село Пухче и во околината на приватното ловиште.
Во изјава за МИА градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов посочува дека на терен од рано утринава на овие две жаришта интервенираат пожарникарите од Штип, но и од неколку соседни општини, Армијата, полицијата и ЈП „Македонски шуми“. Вклучени се и ловџиите, како и здруженијата и оф роуд друштвата, а месното население како логистичка поддршка.
Во текот на вчерашниот ден со помош на градежна механизација на штипските јавни претпријатија и на четири градежни компанија, над селата направени се пресеци, со цел огнот да не се префрли во нивни правец.
Професионалците со заштитни униформи и опрема за гаснење, која тежи и 30 килограми на повеќе од 40 степени од земја се справуваат со огнените стихии. Во штипскиот дел на планината Серта со денови беснеат пожари, оставајќи зад себе пустош.
Ново на Сител
-
Тројца малолетници запалиле пиротехнички средства и го предизвикале пожарот кај Расадник
-
Роналдо: Јас не уривам рекорди, тие ме следат
-
Пандов: Околу 200 затвореници се водат дека се во бегство
-
Кисела Вода субвенционира набавка на пелети и огревно дрво за домаќинствата
-
Пронајдена дрога при претрес во Тетово
-
Трагедија во Скопје: Пронајдено починато 15-годишно момче
-
Нова група Непалци избегаа од работа во Скопје
-
Киднапиран градоначалник во Мексико неколку недели пред преземање на функцијата