Во штипскиот ковид – центар хоспитализирани 45 пациенти
Во штипскиот ковид – центар болнички се лекуваат вкупно 45 пациенти. Трендот на намалување на пациенти е забележан деновиве. Во модуларната болница под болнички третман се 39 пациенти, од кои 28 се на постојана кислородна поддршка, а шестмина пациенти се со полесна клиничка слика и се лекуваат во Кожното одделение. Во дневната амбуланта имаат 48 прегледи.
Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов за МИА информира дека стабилна е и состојбата во основните и средни училишта, каде што пред два дена имаше по еден позитивен или суспектен случај на коронавирусот.
-Будна ја следиме состојбата во штипските училишта, ангажирани се и советниците од Секторот за обарзование во Општина Штип, кои контролираат во самите училишта дали се спроведуваат здравствените протоколи од страна на учениците и наставниците, вели Николов.
Апелира до родителите, но и до наставниците доколку имаат позитивен случај во семејството или биле во контакт со заразено лице да не ги пуштаат децата на училиште се додека не се тестираат и се утврди дека се негативни на коронавирусот. Забележува дека само со таква одговорност може да се заштитат учениците и наставниците и да има непречено одвивање на наставата.
Ново на Сител
-
Приведено лице заради службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање на службена тајна“
-
Вучевиќ: Обвинение за трагедијата во Нови Сад во наредните недели
-
Одреден притвор за министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ
-
Дедомразовска трка на плоштадот во Скопје
-
Утре пресуда за мајката и таткото на Коста - детето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград
-
Во Скопје и други градови изутринава претреси во врска со криумчарење луксузни возила
-
Хрватите гласаат на претседателски избори
-
Бројот на загинати во авионската несреќа во Јужна Кореја се искачи на 120