Во Скопја шеста „Ролер трка 2017“
Под мотото „Возиме кон иднината“ денеска напладне во Скопје ќе се одржи веќе традиционалната „Ролер трка 2017“.
Организатори на манифестацијата, што се одржува по шести пат се Град Скопје и ЈУ „Детски културен центар-Карпош“ од Скопје, а ќе учествуваат училиштата од градот и од околината на Скопје. Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух и желбата за спортување на нашите најмлади.
- Со мислата во здраво тело, здрав дух, сакаме да ги анимираме нашите најмлади да ги засакаат ролерите и да го развијат духот на масовна дружба. Со унапредувањето на ролер спортот, градот ќе се збогати со уште една масовна манифестација, која има тенденција да прерасне во традиционална, а од година во година и се помасовна. На манифестацијата минатата година учествуваа околу 700 учесници, а годинава очекуваме бројката да биде поголема, посочуваат организаторите.
На Ролеријадата ќе бидат доделени по три награди за најуспешните учесници во машка и во женска категорија
Стартната позиција ќе биде на булевар „Илинден“, од пред фонтаната на Градскиот парк и ќе се движи до клучката на булеварот „Илинден“ со улица „Никола Тесла“ (кај ЈП „Паркови и зеленило“).
Ново на Сител
-
Хамас: Се интензивираат разговорите со посредниците за прекин на огнот во Појасот Газа
-
Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик
-
Сиљановска Давкова се сретна со адмирал Стјуарт Манч, командант на Здружената команда на НАТО во Неапол
-
Макрон го осуди израелскиот напад врз Бејрут
-
Конститутивна седница на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам
-
Билд: Путин се подготвува за голема војна со НАТО
-
Додик осомничен за купување на вила на Дедиње во Белград
-
Предложен притвор за жител на Петровец кој ги нападнал своите родители