Во Скопје 202 санкционирани возачи, 64 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 64 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири санкции за возење под дејство на алкохол.
Како што соопшти МВР, изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, 12 санкции за непочитување на првенство на минување, седум мерки за минување на затворн сигнал (црвено светло), шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет мерки за некористење сигурносен појас.
МВР потсетува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Ново на Сител
-

Сиљановска го пречека Бегај
-

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту едно пратеничко прашање од СДСМ за случајот Груби
-

СДСМ: Српски служби во случајот Груби
-

Кочани на достоинствен начин ќе ја одбележи годишнината од трагедијата во „Пулс“
-

Во Центарот за нега при Црвениот крст има десетина негуватели и 15-тина лични асистенти
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
