Во Скопје 232 сообраќајни прекршоци, 34 за брзо возење
На територијата на град Скопје во текот на засилените сообраќајни контроли вчера се изречени вкупно 232 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни возила во јавниот превоз.
Од МВР денеска информираа дека се изречени и 14 санкции за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас, 47 прекршоци што ги чинат пешаците, девет прекршоци од возачите на мотоцикли, шест за непрописно престројување, како и 65 санкции за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-

Путин одби да се сретне со Зеленски
-

Мицкоски на средби со претставници на стопански комори и градежни компани за реализација на капиталните инвестиции
-

Кошта: Одбројуваме до зачленувањето на Црна Гора во ЕУ
-

Мерц до Западен Балкан: Ве сакаме
-

МСПДМ: Поради значајна реформа во системот на социјална заштита, исплатата на правата ќе се реализира со неколкудневно задоцнување
-

„Гардијан“: ЕУ се обидува да покаже дека Западен Балкан не е запоставен на патот кон ЕУ
-

Унгарија подготвува реформи за деблокирање на речиси 17 милијарди евра од европските фондови
-

СЗО објави шестмесечен план за борба против ширењето на еболата
