Во Скопје се одржа „Авицена женска трка“
Сојузот на спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје денеска ја реализираше деветата по ред „Авицена женска трка“. Учесничките трчаа три километри, а стартот и целта на трката беа во Градскиот парк.
– „Авицена женската трка“ и оваа година ја пренесе пораката дека здравиот начин на живот е најважен. Горда сум дека веќе деветта година по ред успеваме да мотивираме голем број на жени, љубители на спортот, да излезат и да трчаат во името на здравиот живот, изјави Гордана Николовска од Сојузот на спортови на Скопје.
Оваа година, од вкупниот број учеснички прва до целта пристигна Биљана Кираџиева за 11 минути и четири секунди, второто место ѝ припадна на Душица Јанковиќ со 12 минути и шест секунди и на трето место се најде Вера Урдаревска, која ја истрча патеката за 12 минути и 14 секунди.
Покрај првите три учеснички, награди добија и најдобрите натпреварувачки во седум одделни возрасни категории во кои беа поделени. По прогласувањето на најдобрите учеснички се одржа лотарија со извлекување на стартни броеви и дел од учесничките се здобија со подароци од партнерите на „Авицена женска трка 2021“.
Ново на Сител
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции