Во Скопје состанок на Бирото на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ
Членовите на Бирото на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и ЕУ денеска ќе се состанат во Собранието на Република Македонија и според најавите на копретседавачите Алојз Петерле и Кенан Хасипи ќе разговараат за идните активности на овој комитет, но и за актуелната состојба во земјата по потпишувањето на договорот од 15 јули за излез од политичката криза во земјата.
Заедно со Петерле во Скопје доаѓаат и копретседавачите на Комитетот, Сергеј Станишев и Ангел Џамбаски. Освен средбите со копретседавачот од македонска страна пратеникот Хасипи и заменик-копретседавачот Артан Груби и другите членови на Комитетот, европратениците ќе имаат средби и со лидерите и претставници на политичките партии и на граѓанското општество.
- Во овој термин требаше да одржиме состанок на тринаесетиот Мешовит парламентарен комитет - РМ и ЕУ, но поради отсуството на опозициските пратеници се одлучи во овој термин да не посети Бирото на МПК, изјави пратеникот Хасипи.
Според пратеникот од македонскиот Парламент, посетата на Петерле на Македонија е знак на неговиот позасилен ангажман препораките на МПК да бидат избалансирани. - Крајната цел е да се вратиме на ЕУ агендата и не само да добиеме позитивен извештај, туку и датум за отпочнување на преговорите со ЕУ, вели Хасипи.
Петерле, потсети тој, дека минатата недела го поздравил договорот за излез од политичката криза на земјата.
Европратеникот тогаш потенцира дека договорот е охрабрувачки за европската перспектива на земјата, покажувајќи ја нејзината целосна посветеност и залагање за демократски принципи. Според Петерле, кој е поранешен премиер на Словенија, договорот за крај на политичката криза во Македонија ќе овозможи повторно активирање во полн состав и на Мешаниот парламентарен комитет Македонија - ЕУ што ќе значи обезбедување важен чекор напред кон зајакнување на дијалогот со ЕУ.
Еден од копретседавачите на Мешаниот парламентарен комитет РМ-ЕУ Сергеј Станишев вчера изјави дека новиот договор е важен чекор за земјата на патот кон ЕУ и демонстрира дека партиите ги ставиле интересите на граѓаните на прво место. Тој како што наведува во изјавата за бугарските медиуми очекува со враќањето на СДСМ во Парламентот на вистински начин да се обнови политичкиот дијалог во земјата.
Тринаесетиот состанок на МПК - РМ и ЕУ се очекува да се одржи во октомври, по објавувањето на извештајот на ЕК.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово