Во Скопје утре посебен сообраќаен режим по повод празникот Бадник
Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен утре на подрачјето на град Скопје каде по повод Христијанскиот празник Бадник ќе се одржат повеќе манифестации, известуваат од СВР Скопје.
-Ќе се одржи Бадникова манифестација во склоп на Бадникови Поворки и свечен собир на Кумовите бадникари на платото на Соборниот Храм Св. Климент Охридски, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадникови Поворки со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Петар Дејлан“, десно по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти, стои во соопштението.
Воедно, од СВР Скопје апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Ново на Сител
-
Пратениците во петок се враќаат на работа, на првата пленарна седница неколку интерпелации
-
Трудо: Канада нема да стане дел од САД
-
Трамп не ја отфрли можноста за употреба на сила за преземање на Панамскиот канал и Гренланд
-
Повторно издаден налог за апсење на претседателот на Јужна Кореја
-
Поради шумски пожар, 30.000 луѓе се евакуирани во близина на Лос Анџелес
-
Трамп бара членките на НАТО да потрошат пет отсто од својот БДП за одбрана
-
Сончево и релативно топло за овој период од годината
-
Сообраќајот тековно, во зимски услови