-->
-->
Во Скопје викендот 21 сообраќајка, 20 повредени
-->
Сопатник и пешак се здобиле со тешки телесни повреди, а 18 лица се полесно повредени во 11 од вкупно 21 сообраќајка регистрирани викендот на подрачјето на СВР Скопје.
Сообраќајната полиција санкционирала 188 возачи за пречекорување на брзината. Од сообраќај се исклучени 37 возачи под дејство на алкохол, 47 пред да се стекнат со право на возење и девет возачи почетници. Воедно од сообраќај се исклучени и 24 нерегистрирани возила и едно технички неисправно.
Издадени се и 219 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ кренал 129 возила. Санкционирани се и 11 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, шест за неправилно престројување, а исто толку за недавање првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ