Во Словенија прогласена портокалова и црвена фаза на опасност од пожари поради топлотниот бран

Портокалова и црвена фаза на опасност од пожари е прогласена за крајот на оваа недела на целата територија на Словенија.
Црвена фаза, што означува многу висока опасност од пожари, е прогласена во подрачјата на Копер, Сежана, Дивача, Хрпелје-Козина, Комен, Нова Горица, Мирен-Костањевица и Ренче-Вогрско. Во останатиот дел од земјата е прогласена портокалова фаза, што укажува на висока опасност од пожари.
Во цела Словенија е забрането палење оган на отворен простор, како и фрлање запалени предмети или други материјали што можат да предизвикаат пожар. Забрането е и палење оган во близина на инфраструктурни објекти, употреба на предмети и уреди што можат да предизвикаат пожар надвор од населените места, како и огномети.
Инспекторатот на Република Словенија за заштита од природни и други несреќи и полицијата ќе спроведуваат засилен надзор за време на периодот на прогласена висока и многу висока опасност од пожари.
Агенцијата за животна средина на Република Словенија (АРСО) предупреди дека топлотното оптоварување ќе се зголеми кон крајот на неделата. Највисока, црвена фаза на предупредување за временски услови е издадена за југозападниот дел на земјата, каде што температурите ќе достигнат до 39 степени Целзиусови, при слаб ветер.
АРСО го зголеми нивото на временско предупредување за следните денови. Денеска највисоката дневна температура ќе биде од 31 до 36 степени, со очекувања за постепено зголемување за неколку степени секој ден.
Во моментов портокалова фаза на предупредување за топлина е на сила во југоисточниот и централниот дел на Словенија, додека во петок портокалова фаза ќе важи за целата земја поради високите температури. Во сабота и недела црвена фаза е прогласена за југозападниот дел на земјата.
Универзалниот термички климатски индекс, кој е еден од показателите за топлотното оптоварување врз човечкото тело, во текот на викедот ќе биде највисок во областа Горишка и долината Випава. Високи температури ќе има и во други делови од Словенија, особено во југозападниот и централниот дел од земјата.Топлотното оптоварување ќе биде најизразено во средината на денот и во попладневните часови.
Ново на Сител
-

Ангелов: Спречена катастрофа во виничко, запалена трева при сечење со брусилица | ВИДЕО
-

Приведен полицаецот кој наплаќал казни во кеш наместо преку ПОС-терминал и го оштетил Буџетот за 85.500 денари
-

Во заедничка акција на Шпанија и Еквадор запленети 21 тон кокаин
-

Багаи: Иран и Оман постигнаа договор за бродската рута низ Ормуска Теснина
-

Закон за „граѓанска смрт“ во Русија: Москва им замрзнува имот и конзуларни услуги на емигрантите осудени во отсуство
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница
-

Утре сончево и многу топло со температура до 39 степени
-

Шекил О'Нил: Леброн ќе се обиде да дојде до 50.000 поени
