Во Словенија референдум за асистирано самоубиство

Граѓаните на Словенија денеска на референдум ќе гласаат „за“ или „против“ неодамна усвоениот Закон за помош при доброволно завршување на животот.
Тоа е втор референдум за две години за потпомогнато самоубиство.
Парламентот на Словенија во јули со 50 гласа „за“, 34 „против“, а тројца пратеници беа „воздржани“ го усвои Законот, откако минатата година на советодавниот референдум 55 проценти од гласачите го поддржаа правото на асистирано самоубиство.
Словенија стана прва источноевропска земја што го легализираше потпомогнато самоубиство, но набрзо се појави иницијатива за референдум за отфрлање на Законот, иницирана од група предводена од конзервативниот активист Алеш Примац и поддржана од опозицијата, црквата и некои здравствени експерти. Иницијативата ја потпишаа над 46.000 граѓани.
Поддржувачите тврдат дека потпомогнато самоубиство би им обезбедило достоинство и слобода на избор на луѓето при крајот на животот, додека противниците предупредуваат дека со тоа би била прекршена уставната заштита на животот, што би ги загрозило ранливите поединци.
Гласачите ќе треба да одговорат на прашањето на референдумот: „Дали сте за воведување на Законот за асистирано умирање, кој Народното собрание го усвои на својата седница на 24 јули 2025 година?“
За да биде отфрлен Законот, мора да бидат исполнети два услови – мнозинството гласачи, кои ќе излезат на референдумот да гласаат „против“ и најмалку 20 проценти од сите гласачи да гласаат „против“. Според словенечкото Министерство за внатрешни работи, Словенија има 1.696.025 регистрирани гласачи. Минималниот број гласови потребни за отфрлање на Законот е 339.205.
Според усвоениот Закон, пациентите во Словенија имаат пристап до асистирано самоубиство. Доколку барањето на пациентот биде прифатено, ќе им биде дадена супстанција со која ќе го завршат животот.
Пациентите мораат двапати да ја изразат својата намера кај својот лекар, пред да поднесат формално барање, кое потоа ќе мора да биде одобрено од независен лекар. Нивната способност за донесување одлука ќе ја процени и психијатар. Здравствените работници го задржуваат правото да одбијат да учествуваат во постапката.
Правото нема да може да се користи во случаи на неподносливо страдање како резултат на ментална болест и за лица под 18 години. Евтаназијата, или смрт од страна на старател по барање на пациентот, е забранета.
Првите делумни резултати се очекуваат по затворањето на гласачките места во 19 часот, а официјалните резултати ќе биде обвјавени по 4 декември, кога ќе се потврди конечниот број на гласачи и дали е постигнат кворум за отфрлање на Законот.
МИА
Ново на Сител
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
-

ЈПДП: Ја подобруваме безбедноста и функционалноста на мостот на Маркова Река
-

ЈОРСМ: Поднесено обвинение за злоупотреби во АД „Државна лотарија“, за Груби побарно продолжување на мерката куќен притвор
