Во Собранието координација за францускиот предлог, ќе се знае кога ќе биде пленарната седница
На редовната координација во Собранието денеска ќе се разговара за тоа кога би можела да се одржи пленарната седница за Информацијата за содржината на предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европска Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европска Унија на 30 јуни 2022 година.
Претседателот на Собранието Талат Џафери пред неколку дена за МИА изјави дека за тоа ќе се разговара на редовната координација на која како владин претставник ќе присуствува вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
– Во понеделник имаме координација на која ќе присуствува и владиниот претставник и ќе разговараме. Ќе се направи проценка. Материјалот е дојден во Собранието, но во понеделник треба да почне седницата за ребалансот на Буџетот, изјави Џафери.
Како што појасни, доколку има потреба седницата може да биде прекината и да се закаже нова на која на дневен ред би била Информацијата испратена од Владата.
Пратениците од опозицијата побараа од претседателот на Собранието да ги врати материјалите назад во Владата со забелешка дека е испратена само Информација, без ниту еден документ. Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски вчера во дневникот на телевизија „Сител“ најави дека ќе бидат присутни во Собранието бидејќи почнува дебата за ребалансот на Буџетот и дека ќе направат се што треба за да го претстават мислењето на граѓаните за францускиот предлог.
Од СДСМ, пак, сметаат дека одговорноста е на законодавниот дом да донесе натамошни заклучоци, согласно собраниските процедури. Претседателот на Собранието со став дека сите документи се веќе јавно достапни и секој може да ги види.
Во меѓувреме, во земјава продолжуваат протестите против францускиот предлог, кои се поддржани од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и од Левица. Протестен марш се одржа вчера од Владата преку Министерството за правда до Собранието, а протест е најавен и за денес.
Ново на Сител
-
Македонија поразена од фаворитот Франција во Вараждин
-
Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале
-
Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром
-
Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет
-
Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар
-
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
-
Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО
-
Да нема преименување на градските улици, Сојуз на борците со отворено писмо до Касами