Македонија
7. September 2023 - 9:06

Во Собранието прием по повод Денот на независноста

 Во Собранието денеска ќе се одржи прием по повод Денот на независноста 8 Септември. 

На приемот е најавено обраќање на претседателот на Собранието Талат Џафери, а се очекува да присуствува целиот државен врв, министри во Владата, пратеници и други личности од општествениот живот. 

Приемот по повод Денот на независноста во Собранието се одржува традиционално секоја година.