Во Собранието седници на шест комисии, на дневен ред енергетика, образование и безбедност

Во Собранието денеска ќе заседаваат шест комисии - Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија, која во текот на денот ќе одржи две седници. На дневен ред на дел од комисиите се повеќе предлог-закони од областа на енергетиката, транспортот, образованието. меѓународната и привремената заштита и осигурувањето.
Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка.
На Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за автокампови, по скратена постапка.
Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за меѓународна и привремена заштита, по скратена постапка е на Комисијата за одбрана и безбедност, додека на дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог на законот за изменување на Законот за супервизија на осигурување, по скратена постапка.
Воедно, ќе се одржи и седница на Комисијата за образование, наука и спорт на чиј дневен ред во прво читање се предлозите на закон за високото образование, на закон за обезбедување на квалитет во високото образование и науката и на закон за научноистражувачката дејност
На дневниот ред на 185. седница на Законодавно-правната комисија, во прво читање ќе бидат разгледани предлозите на законите за високото образование, за обезбедување квалитет во високото образование и науката и за научноистражувачката дејност, како и одлуката за изменување на Одлуката за продолжување на рокот на кризна состојба поради можни нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во Република Северна Македонија.
Законодавно-правната комисија ќе ја одржи и 186. седница на чиј дневен ред по скратена постапка се предлозите на закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика, за изменување и дополнување на Законот за автокампови, на Законот за меѓународна и привремена заштита и за изменување на Законот за супервизија на осигурување.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори
-

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога
-

,,Алкохолот и воланот не се добар пар" - превентивна активност на СВР Тетово
-

Ѓорѓиевски: Циборовски го зачува духот на Старата скопска чаршија, наша обврска е да ја чуваме
-

Во Велес одбележани 80 години од смртта на хероината Мирка Гинова
-

Преку отворен прозор ја фатил својата мајка и со возилото ја влечел 20 метри, приведен 24 годишник
-

Мицкоски: Утре се очекува соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна
-

Трагедија: 16 годишно момче почина откако ја изгубило свеста
