Македонија
13. April 2016 - 8:34

Во Софија ќе биде отворена изложбата „Сведоштва за Богомилите“

Во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Бугарската академија на науките денеска во Софија ќе биде отворена изложбата „Сведоштва за Богомилите“.

Изложбата се организира во рамки на заедничкиот проект „Богомилското движење и богомилската книжевност“.

На настанот најавено е дека од македонска страна ќе се обратат авторите проф. д-р Маја Ангелковска-Панова и проф. д-р Вера Стојчевска - Антиќ.