Во сообраќајки повредени 23 лица викендов во Скопје
Дваесет и три лица се повредени во сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случија на подрачјето на град Скопје.
Од нив, потешко е повреден еден пешак во една сообраќајна незгода, а полесно се повредени 22 лица во 15 сообраќајки.
Од вкупно 33 сообраќајки кои се случиле изминатите три дена, материјална штета е причинета во 17 сообраќајни незгоди.
Во петокот извршен е увид во 17 сообраќајни незгоди од кои во една со тешки полесни повреди се здобил еден пешак, во девет со полесни повреди се здобиле 13 лица, а во седум е причинета материјална штета.
Самостојниот инспектор Драган Вељановски информира дека во саботата е извршен увид на вкупно 10 сообраќајки од кои во пет со полесни повреди се здобиле пет лица, а четири незгоди се со материјална штета.
Вчера е извршен увид на шест сообраќајни незгоди, од кои во една со полесни повреди се здобиле четири лица, а пет се со причинета материјална штета.
Во текот на изминатите три дена санкционирани се 11 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената, четворица возачи кои возеле под дејство на алкохол или поминале на црвено светло на семафор, тројца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, 48 возачи кои возеле без возачка дозвола или нерегистрирано возило, како и 14 возачи кои за време на возењето не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.
Со помош на специјалното возило пајак отстранети се 89 возила кои во поголема мерка го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Ново на Сител
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот