Во сообраќајна несреќа во Албанија повредени двајца жители на Струга
Во сообраќајна несреќа што се случила попладнево, во близина на граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, повредени се двајца жители на Струга.
Несреќата се случила на патниот правец Ќафасан -Поградец, кај селото Пискупат.
- Во сообраќајната несреќа учествувале автомобил марка „мерцедес“ управувано од В.А.(48) жител на Струга, Македонија и автомобил „голф“ управувано од албанскиот државјанин Д.С.(22). Притоа, со повреди се здобиле двајцата возачи и С.А.(46), жителка на Струга, сопатник во возилото „мерцедес“, јави агенцијата Балкан веб.
Повредените се згрижени во болницата во Поградец, каде се под целосна грижа на лекарите и не се во животна опасност.
Увидна екипа е на терен, а според првичните сознанија причина за несреќата е неприспособената брзина на движење според условите на патот.
Ново на Сител
-
Алармантна состојбата со булинг во основните училишта
-
За една година, над 110 сообраќајки на истокот со повеќе од 170 повредни
-
Преглед на вестите од светот
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот